• петок, 28 јуни 2024

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Милано, 18 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година. 

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан