• понеделник, 23 декември 2024

Репрезентативецот Шишковски нов голман на бањалучки Борац

Репрезентативецот Шишковски нов голман на бањалучки Борац

 

Бања Лука, 28 јуни 2024 (МИА) – Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски е промовиран денеска во нов чувар на мрежата на шампионот на Босна и Херцеговина, Борац Бања Лука.

Шишковски (29) се пресели во Борац од редовите на ерменски Арарат, потпишувајќи едногодишен договор со шампионот од Бања Лука.

„Доаѓа во екипа која минатата сезона ја освои титулата во првенството на БиХ и знам дека целта е одбраната на трофејот. Му благодарам на клупското раководство на укажаната доверба, а на мене е со своите одбрани да придонесам за остварување на целите“, изјави Шишковски за клупскиот сајт.

Шишковски ја почна кариерата во скопски Работнички, а потоа настапуваше за белгиски Гент, Лахти и РОПС од Финска, како и грчка Докса.

За македонската репрезентација досега запиша 11 настапи од дебито во 2020 година. ег ФОТО: ФК Борац Бања Лука

Остани поврзан