• петок, 05 јули 2024

Флик ќе потпише две годишен договор со Барселона

Флик ќе потпише две годишен договор со Барселона

Барселона, 28 мај 2024 (МИА) - Ханзи Флик веќе е во луксузен хотел во Барселона и се чини дека утре ќе потпише договор со Каталонците на местото на Чави Ернандез. Во меѓувреме, шпанскиот печат открива колку ќе добие германскиот стручњак и какви евентуални бонуси договорил со управата на „блаугранас“.

Според „AS“, Флик ќе потпише договор за две сезони, откако се согласил да добива релативно ниска плата - околу 3 милиони евра годишно. Од друга страна, Германецот ќе има сериозни бонуси за успех со Барселона, а според информациите, неговата плата ќе се зголеми во втората сезона.

Тој ќе добие дополнителен милион евра од платата доколку ја освои Лигата на шампионите, како и 750.000 евра доколку ја освои Ла Лига. За споредба, поранешниот тренер на Барса Чави земал речиси двојно поголема плата, но големината на бонусите предвидени за него била многу поскромна.

Флик кај Каталонците ќе пристигне со двајца помошници, со кои соработуваше и во Баерн (Минхен) - тренерот на голманите Тони Тапаловиќ и Маркус Зорг.

Се очекува да има и трет асистент во неговиот штаб, а се шпекулира дека тоа ќе биде поранешниот играч на Баерн Минхен и Ливерпул, Тијаго Алкантара. дс

Фото: Архива

Остани поврзан