• петок, 22 ноември 2024

Турција остана без Мерих Демирал

Турција остана без Мерих Демирал

Берлин, 4 јули 2024 (МИА) - Турскиот дефанзивец Мерих Демирал е суспендиран на два натпревари од УЕФА пред четвртфиналето на ЕУРО 2024 против Холандија, пренесe БИЛД.

Тоа значи дека централниот бек ќе пропушти и евентуално полуфинале доколку бидат успешни против „лалињата“.

Дефанзивецот на Ал Ахли ги постигна двата гола во победата на неговиот тим над Австрија со 2-1 во осминафиналето.

На еден од головите тој направи поздрав, кој се верува дека е поврзан со „Сивите волци“, екстремно десничарска екстремистичка група во Турција.

Поради ова тој беше суспендиран на два натпревари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан