• петок, 05 јули 2024

Тричковски потпиша со АЕЛ Лимасол

Тричковски потпиша со АЕЛ Лимасол

Лимасол, 4 јули 2024 (МИА) - Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски потпиша едногодишен договор со АЕЛ Лимасол.

По осум години во АЕК Ларнака, тој се раздели со клубот по крајот на сезоната, но сепак нема да замине од Кипар. За тимот од Ларнака одигра 278 натпревари, реализираше 138 гола и 29 асистенции.

Во кариерата настапуваше и за екипи од Македонија, Србија, Полска, Белгија и Обединетите Арапски Емирати. дс

Фото: Архива

Остани поврзан