Финалисима 2026 година ќе се одржи во март
- Претседателот на Шпанската фудбалска федерација (RFEF), Рафаел Лузанб, објави дека Финалисма 2026 година, во која ќе учествуваат Шпанија и Аргентина, ќе се одржи во март.
Мадрид, 16 декември 2025 (МИА) - Претседателот на Шпанската фудбалска федерација (RFEF), Рафаел Лузанб, објави дека Финалисма 2026 година, во која ќе учествуваат Шпанија и Аргентина, ќе се одржи во март.
-Овој сон, наречен Финалисма, ќе се оствари во март. Блиску сме до договор за ова прашање со УЕФА и чекаме официјална потврда, изјави Лузанб на социјалните мрежи на „Ел Чирингито“.
Финалисима е натпревар во кој се соочуваат актуелните победници на Европското првенство и освојувачот на Копа Америка.
Сегашен и единствен носител на трофејот е Аргентина, која ја победи Италија со 3:0 во 2022 година. зс/
Фото: ЕПА