Филипче го осуди обидот за атентат врз Трамп
- Ваквите акти на насилство немаат место во цивилизираното општество и претставуваат сериозен напад врз демократските вредности и владеењето на правото, наведе Филипче.
Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче попладнево ги осуди насилството и обидот за атентат врз поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
- Со големо жалење и длабока загриженост ја примив веста за обидот за атентат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Го осудувам секој обид за насилство, ваквите акти на насилство немаат место во цивилизираното општество и претставуваат сериозен напад врз демократските вредности и владеењето на правото, напиша Филипче на Фејсбук.
Тој додаде дека во овие тешки моменти, на поранешниот претседател на САД му испраќа искрени желби за брзо опоравување.
- Сочувство до семејствата и на другите настрадани, наведе Филипче во објавата. бд/нд/
Фото: Фејсбук страница на Венко Филипче