• недела, 22 декември 2024

ПП Левица: Итно преземање на одговорност по официјалните анализи на водата во езерото Калиманци

ПП Левица: Итно преземање на одговорност по официјалните анализи на водата во езерото Калиманци

Скопје, 4 ноември 2024

Официјалните анализи на водата во езерото Калиманци покажуваат значајно присуство на недозволени количини од опасни тешки метали како: манган, жива, цинк, арсен и кадмиум во водата. За овие застрашувачки информации општината Македонска Каменица и Министерството за животна средина молчеле и не постапиле, иако биле запознаени со ситуацијата уште во месец август.

Масовниот помор на риби во езерото е показател за флагрантната негрижа на надлежните институции кон животната средина и здравјето на граѓаните. Имено, водата од ова езеро се употребува и за наводнување на земјоделските површини во Кочанската и Овчеполската котлина, кои претставуваат извор на храна за населението.

Ги прашуваме градоначалникот на Македонска Каменица - Димчо Атанасовски и министерот за животна средина - Изет Меџити: Зошто овие информации се чувани во тајност кога јавниот интерес бара итна реакција? Повеќемесечното игнорирање значи период кога жителите на овој регион, како и живиот свет во езерото, биле изложени на потенцијално застрашувачки последици.
Очигледно ниту централната, ниту локалната власт не го ставаат здравјето на граѓаните како приоритет.

Левица  бара итно преземање на одговорност од оние кои ја прикриле вистината, сериозни санкции за загадувачите, и оние кои го донеле езерото во ваква состојба! Неопходна е брза и целосна санација на езерото Калиманци, отстранување на сите тешки метали, како и политичка одговорност и поднесување на оставки од страна на градоначалникот и Министерот.
За оваа еколошка катастрофа, Левица најавува соодветни пријави до надлежните органи.

Со почит, 
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

Фото: Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан