• вторник, 14 мај 2024

УХМР: Утре и во сабота зголемување на дневната температура

УХМР: Утре и во сабота зголемување на дневната температура

Скопје, 30 ноември 2023 (МИА) - Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе услови значително зголемување на дневната температура и забрзано топење на
снежната покривка, информираат денеска од УХМР.

Минималната температура утре ќе се движи од 0 до 8 степени, а максималната од 13 до 17 степни Целзиусови.

Во сабота минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, а максималната од 13 до 19 степени.

Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен и долж Поварадрието ќе засилува. Од понеделник температурата повторно ќе се намали. дма/лв/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан