• понеделник, 15 декември 2025

Утре во Струмица ќе се одржи 13-то издание на „100 Илјади поети за промена“

Утре во Струмица ќе се одржи 13-то издание на „100 Илјади поети за промена“

Струмица, 29 септември 2023 (МИА) - Утре во Струмица ќе се одржи 13-то издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, а програматаќе се реализира во НУ Центар за култура „Антон Панов“.

Како што информираат организаторите, најпрвин ќе биде промовиран годинешниот зборник „100 Илјади поети за промена“ и ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети од Србија, Грција, Бугарија и Македонија. Покрај тоа, ќе биде отворена и изложба на плакати и ќе се одржи музичко-сценски перформанс.

На конкурсите годинава се вклучиле повеќе од 200 поети и 20 дизајнери.

Манифестацијата е поддржана од градоначалникот и Општина Струмица, како и Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.рт/дма/

Фото: организатор

Остани поврзан