Усвоен буџетот на Општина Чашка за 2025 година
- Советот на Општина Чашка на денешната седница го презентираше и го усвои Предлог-буџетот на Општина Чашка за 2025 година кој изнесува 239 милиони 129 илјади 358 денари, каде трансферите и дотациите од централната власт имаат доминантна улога, а најголем дел од средствата ќе бидат наменети за инфраструктурни објекти во Општина Чашка.
Велес, 30 декември 2024 (МИА) - Советот на Општина Чашка на денешната седница го презентираше и го усвои Предлог-буџетот на Општина Чашка за 2025 година кој изнесува 239 милиони 129 илјади 358 денари, каде трансферите и дотациите од централната власт имаат доминантна улога, а најголем дел од средствата ќе бидат наменети за инфраструктурни објекти во Општина Чашка.
Како што информираат за МИА од службата за финансии од Општина Чашка, буџетот е изготвен во согласност со Насоките за изготвување на буџетите на единиците на локалната самоуправа (Буџетски циркулар) доставени од страна на Министерството за финансии.
Тие потенцираат дека еден од најзначајните акти што во 2024 година ги усвои Советот на Општина Чашка е Буџетот на општината и Одлуката за извршување на буџетот, со прифаќање од страна на сите советници.
Додаваат дека покрај присутните проблеми, како и во тековната 2024 година така и во наредната 2025 година најголем дел од средствата планираат да ги финансираат во инфраструктурни објекти во општината.
- Како основна цел на буџетот и наредната година ќе биде искористен за подобрување на условите за живеење и подобрување на условите за развивање соодветни бизниси во Општина Чашка, потенцираат од службата за финансии на Општина Чашка. ад/мд/
Фото: МИА