Кумановската болница очекува 28 специјализанти
- Кумановската општа болница очекува 28 специјализанти за покривање на недостатокот од кадар во јавната здравствена установа, соопштија денеска надлежните од установата.
Куманово, 2 јануари 2025 (МИА) - Кумановската општа болница очекува 28 специјализанти за покривање на недостатокот од кадар во јавната здравствена установа, соопштија денеска надлежните од установата.
-Подразбираме две групи вработувања од формално-правен аспект. Ангажирање со трајно вработување на приватни специјализанти и по договор на дело што треба да се трансформира со вработување на неопределно. Од приватните специјализанти досега од Министерството за здравство имаме најавено со решение и се подготвуваме со формално-правна процедура сме да прифатиме 28 приватни специјализанти, изјави директорот на болницата, д-р Стефан Трајановски.
На овој начин ќе се надмине проблемот со недостаток на кадар во повеќе области, но и понатаму ќе остане горливиот проблем, недостаток на анестезиолози и ренгдгенолози.
-За жал, останува горливиот проблем на недостаток на анестезиолози на ренгенолози, останато ќе се реши. Во моментов имаме во доволен број, за следната година успеавме да обезбедиме присуство на 12 анестезиозои кои ќе доаѓаат на помош на хируршките оддели. Наредната година, поголем дел од вработените анестезиолози заминуваат во пензија, изјави Трајановски.
Менаџерскиот тим на кумановската општа болница подготвил три проекти за подобрување на функционалноста на здравствената установа.Модуларната болница ќе се пренамени за пациентите од физикална терапија. Отстапениот простор ќе се користи за прегледи на хронично-болните и пациентите кои ќе добијат термини. Ургентниот центар исклучиво ќе се користи за итни пациенти.Во соработка со општината ќе се подготви ново сообраќајно решение со излез на улицата „11 Ноември“ кон Бедиње. Измените додава тој се неопходни за да не се создава сообраќаен метеж во слепата улица „Србо Томовиќ“ и тука ќе се превезуваат исклучиво итни случаи. Во стариот ургентен ќе се прегледуваат и итните гинеколошки случаи.
-Донесен е буџетот, планот е усовен. Се надевам дека февруари ќе има мал ребаланс имаме техничка документација и ќе се постапи според видувањата, изјави претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска.
Општа болница покрива територија на шест општини од североистокот и обезбедува секундарна здравствена заштита за Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце со приближно 200.000 граѓани. Во близина се три гранични премини, меѓу нив Табановце како најфреквентен и затоа надлежните ќе преземат мерки за подобрување на функционирањето за итните случаи.ам/бт/
Фото: МИА