Градоначалникот Јанчев со подароци за првородените бебиња годинава во Кавадарци
- Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска им врачи цвеќе и пригодни подароци на мајките на првите бебиња во новата година во Општата болница - Кавадарци.
Кавадарци, 2 јануари 2025 (МИА) - Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска им врачи цвеќе и пригодни подароци на мајките на првите бебиња во новата година во Општата болница - Кавадарци.
-Оваа традиција има за цел да ја истакне важноста на семејството и да го симболизира среќниот почеток на годината. Новата година нека донесе здравје, среќа и љубов на бебињата, нивните мајки и семејства, порача Јанчев.
Првото бебе родено годинава во Кавадарци е женско, а второто, машко.
В.д. директорката на кавадаречката болница, Гордана Камчева вчера информираше дека на полноќ се породила Мери Ѓоргиева од село Тремник.
- Таа роди женско бебе, долго 50 сантиметри и тешко 3.000 грама. Во 1:15 часот по полноќ, Аница Баснаркова од село Возарци донесе на свет, момче, тешко 3.800 грама и долго 52 сантиметра, појасни Камчева. свд/бт/
Фото: Кабинет на градоначалникот Митко Јанчев