• сабота, 06 декември 2025

Урбано обновување во Дебар, улиците „Сабри Карамети“ и „Петрит Бомова“ добиваат нов лик

Урбано обновување во Дебар, улиците „Сабри Карамети“ и „Петрит Бомова“ добиваат нов лик

Дебар, 19 мај 2025 (МИА) – Општина Дебар почна со реализација на два значајни инфраструктурен проекти, со средства од првиот повик на Министерството за локална самоуправа, за средства од унгарскиот кредит и кофинансирање од страна на локалната власт.

Станува збор за целосна реконструкција на улицата „Сабри Карамети“ (поранешна Петре Поповски) и улицата „Петрит Бомова“ (Здравко Чочковски), во горниот дел на градот.

-За улица „Сабри Карамети“ вредноста е 28.915.430 денари со вклучен ДДВ, од кои 2.915.415 денари ќе бидат кофинансирани од Општината. За улицата „Петрит Бомова“, вредноста е 7.180.904 денари со вклучен ДДВ, при што од овој износ општината ќе кофинансира 5.740.000 денари. Изведувач е „Љабино Трејд“ од Гостивар, која беше избрана како најповолен понудувач на објавениот тендер, рече за МИА, градоначалникот Хекуран Дука, кој беше на увид на работите.

Оцени дека ова се капитални проекти кои директно ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот на жителите на овие делови од градот.

-Овие улици со години имаа потреба од длабока и сериозна интервенција. Покрај тампонирањето и асфалтирањето, проектот вклучува и изградба на мрежа за атмосферска и фекална канализациска мрежа, како и интервенции во водоводната мрежа во ова подрачје. Оваа инвестиција е важен чекор кон одржлив урбан развој и подобрување на инфраструктурата на нашиот град, посочи Дука.

Најави дека набрзо ќе почне реализацијата на проектот за водоснабдување во село Могорче, во вредност 11.773.461 денари со вклучен ДДВ, без кофинансирање од општината. Ова е најголемо дебарско село со над две илјади жители.

На првиот повик општина Дебар аплицираше со четири проекти кога доби 700 илјади евра. Од овие средства целосно ќе се реконструкција и улицата Миѓени“ (поранешна ЈНА), над центарот на градот. вт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан