• недела, 19 мај 2024

Украински власти: 20 лица ранети во воздушен напад врз градот Дњепар

Украински власти: 20 лица ранети во воздушен напад врз градот Дњепар

 
Киев, 4 јуни 2023 (МИА) - Во воздушен напад врз Дњепар во центарот на Украина синоќа се ранети 20 лица, од кои три потешко се деца, соопштија украинските власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за „напад на град“ лоциран во центарот на земјата.

„Во нападот се погодени две згради во станбен кварт на градот... За жал, има луѓе под урнатините“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Гувернерот на реонот на Дњепар Сергиј Лисак изјави дека во нападот се ранети пет деца, а според проценката на лекари состојбата на три од нив е многу тешка.

„Вкупниот број на ранети достигна 20, а меѓу нив 17 се префрлени во болница“, изјави гувернерот и изјави дека спасувачите продолжуваат да трагаат по жртви под урнатините. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан