• петок, 28 јуни 2024

Украинските граничари спречија дваесетина регрути да избегаат од земјата

Украинските граничари спречија дваесетина регрути да избегаат од земјата

Киев, 27 јуни 2024 (МИА) - Украинските граничари спречија дваесетина регрути да избегаат од земјата. Групата е приведена во близина на селото Келменци, во близина на границата со Молдавија, соопштија властите, цитирани од ДПА.

Регрутите доаѓале од различни делови на Украина и планирале да побегнат пешки во текот на ноќта. Тие кои им помогнале да избегаат, наводно, добиле по 12.000 евра.

Пред повеќе од две години, Украина прогласи воена состојба и нареди мобилизација за да се брани по целосната руска инвазија. Оттогаш, мажите на возраст меѓу 18 и 60 години кои подлежат на воена служба може да ја напуштат земјата само во исклучителни околности, забележува ДПА. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан