• сабота, 02 ноември 2024

Украинската војска соопшти дека ноќеска соборила 28 руски дрона и четири ракети

Украинската војска соопшти дека ноќеска соборила 28 руски дрона и четири ракети

Киев, 25 септември 2024 (МИА) - Украинското воено воздухопловство синоќа собори 28 руски беспилотни летала Шахед и четири наведувани ракети Х-59/69, а четири руски дронови неконтролирано се урнаа во неколку региони на Украина, соопшти командата на украинските воздухопловни сили. Нема жртви ниту материјална штета.

„Руските сили го нападнаа регионот Харков со наведувана ракета С-300 и три проектили од неодреден тип. Регионот на Одеса беше нападнат со четири наведувани ракети X-59/69 истрелани од воздушниот простор над Црното Море, како и 32 дронови од типот Шахед“, се наведува во соопштението.

Системите за противвоздушна одбрана беа активирани и во регионите на Днепропетровск, Харков, Киев, Кировоград, Суми, Полтава, Николаев, Одеса и Херсон. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан