• сабота, 21 декември 2024

Украина формираше делегација за да преговара со Велика Британија за договор за подигнување на нивните односи на ново ниво

Украина формираше делегација за да преговара со Велика Британија за договор за подигнување на нивните односи на ново ниво

Киев, 14 август 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски формираше делегација за учество во преговорите со Велика Британија за потпишување договор за подигнување на односите меѓу двете земји од стратешко партнерство на ново ниво, објавија украинските медиуми.

Украинската делегација ќе води преговори со Обединетото Кралство во врска со подготовката за склучување договор меѓу Украина и Обединетото Кралство, со кој односите меѓу двете земји од стратешко партнерство ќе се издигнат на ново ниво, пишува на веб-страницата на украинското претседателство.

Делегацијата ќе ја предводи Андриј Јермак, шефот на кабинетот на Зеленски.

Според документот, шефот на делегацијата има право да направи измени во својот состав по координација со Министерството за надворешни работи на Украина, како и да вклучи советници, експерти и технички работници во него за да се осигура дека делегацијата ќе ја заврши нејзината работа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан