УКЛО-Битола патрониот празник ќе го одбележи со уметнички перформанс „Слово Љубве“
- Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, патрониот празник ќе го одбележи со завршниот настан од одбележувањето на 80 години од кодификацијата на стандардниот македонски литературен јазик.
Битола, 1 декември 2025 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, патрониот празник ќе го одбележи со завршниот настан од одбележувањето на 80 години од кодификацијата на стандардниот македонски литературен јазик.
На прес конференција во Битола, ректорот Игор Неделковски изјави дека УКЛО одлучиле подготовката на уметничкиот перформанс „Слово Љубве“ да ја доверат на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“
-Нашата држава во текот на годината организираше повеќе настани на различни локации во земјава, а завршната свеченост од одбележувањето на 80 години од кодификацијата на стандардниот македонски литературен јазик ќе се одржи во Битола. Во рамки на повеќедневните празнични настани, УКЛО ќе приреди промоција на доктори на науки и тркалезна маса за меѓууниверзитетската соработка во рамки на Асоцијацијата на универзитети од јадранско-јонската група земји УНИАДРИОН, посочи ректорот Неделковски.
Според востановената традиција, во рамки на празникот Сенатот на УКЛО во битолскиот Офицерски дом ќе одржи свечена седница на која ќе бидат доделени награди за најуспешните студенти и научници на универзитетот. мт/хс/
Фото: МИА