• среда, 19 јуни 2024

Тухел реши да не ги продолжи преговорите со Манчестер јунајтед, ќе паузира од фудбалот

Тухел реши да не ги продолжи преговорите со Манчестер јунајтед, ќе паузира од фудбалот

Манчестер, 9 јуни 2024 (МИА) - Томас Тухел нема да биде дел од Манчестер јунајтед. 

Според инсајдерот Фабрицио Романо, Германецот нема да работи во англискиот тим. Тој одлучи да не ги продолжи преговорите.

Педесетгодишниот фудбалски стручњак сака да паузира и нема намера ова лето да се пресели во ниту еден клуб.

Во сезоната 2023/24, Баерн под водство на Тухел не освои ниту еден трофеј. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан