• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пол Џорџ ќе го пропушти остатокот од сезоната

Пол Џорџ ќе го пропушти остатокот од сезоната

Филаделфија, 18 март 2025 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија нема да му помогне на тимот во преостанатите натпревари од тековната сезона.

Во понеделникот, Џорџ беше подложен на процедура која вклучуваше инјекции во левото колено и бутниот мускул.

Се очекува напаѓачот да пропушти најмалку шест недели.

Џорџ ја помина изминатата недела консултирајќи се со лекарите за најдобрите опции за третман. Триесет и четиригодишниот играч се здоби со две повреди на коленото во октомври и ноември, повреда на прст во јануари и во последно време има проблеми со препоните.

Џорџ оваа сезона настапи на 41 натпревар, со просек од 16,2 поени, 5,3 скока и 4,3 асистенции за 32,5 минути по натпревар. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан