Турскиот министер за одбрана разговараше со шефот на Пентагон за ситуацијата во Сирија
- „Гулер и Остин дискутираа за безбедносни теми во контекст на настаните во Сирија, каде утрово беше соборен режимот на Башар ал Асад“, соопшти турското Министерство за одбрана на платформата Икс.
Анкара, 8 декември 2024 (МИА) - Турскиот министер за одбрана Јашар Гулер разговараше со својот американски колега Лојд Остин за безбедносната ситуација во Сирија.
„Гулер и Остин дискутираа за безбедносни теми во контекст на настаните во Сирија, каде утрово беше соборен режимот на Башар ал Асад“, соопшти турското Министерство за одбрана на платформата Икс.
Во соопштението се наведува дека покрај состојбата во Сирија, теми на разговор биле и билатералните односи помеѓу Турција и САД.
Сирија е во граѓанска војна од 2011 година, а конфликтите повторно се интензивираа од крајот на ноември. Антирежимските групи прво го презедоа Алепо, потоа Идлиб, а викендов влегоа во Дамаск, каде брзо го зазедоа главниот град.
Според медиумите, Башар ал Асад побегнал, а неговата локација засега не е позната. ссм/