• недела, 22 декември 2024

Трамп одби уште една дебата со Харис пред претседателските избори во САД

Трамп одби уште една дебата со Харис пред претседателските избори во САД

Вашингтон, 10 октомври 2024 (МИА) – Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп изјави дека нема да води уште една предизборна дебата со американската потпретседателка и кандидатка на демократите Камала Харис.

Тој ја даде изјавата вчера, неколку часа откако Фокс њуз ги покани двајцата кандидати на претседателските избори на евентуалната втора дебата на 24 или 27 октомври.

Во пораката на социјална мрежа Трамп изјави дека „сега е многу доцна за дебата“ и оти „нема за што да се разговара“. јт/

Остани поврзан