• четврток, 02 мај 2024

Тошковски оствари средба со претставници на ДКСК

Тошковски оствари средба со претставници на ДКСК

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска и претставници на Комисијата.

На средбата, како што соопшти МВР, Димитровска ги презентираше тековните активности на Комисијата и ја потенцираше обврската што ја имаат согласно Изборниот законик во однос на објавување регистар на службени возила на државните институции на нивната веб страница. Во таа насока, таа побара од МВР да бидат доставени соодветни податоци.

Министерот Тошковски истакна дека соработката што ја имаат овие две институции треба да се негува и продлабочува, па во таа насока во иднина потребно е, рече, да се потпише соодветен меморандум. мч/лв/

фото: МВР

Остани поврзан