• петок, 02 август 2024

Тестирани кандидатите за реонски попишувачи и инструктори во Делчево

Тестирани кандидатите за реонски попишувачи и инструктори во Делчево
Делчево, 11 март 2021 (МИА) - Во Делчево денеска беше извршено тестирање за кандидатите за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис.
Ванчо Новоселски, член на пописната комисија информираше дека за општините Делчево и Македонска Каменица тестирани се вкупно 115 кандидати за учество во пописната операција.
- Денеска се изврши тестирањето за пописот 2021 година. Имавме вкупно пријавени 91 кандидат од Делчево и 24 од Македонска Каменица. По тестирањето 72 од кандидатите ќе бидат одбрани за реонски попишувачи, седум кандидати за инструктори, додека останатите 10 проценти ќе бидат резерва. Тестирањето се одвиваше без проблеми и со почитување на сите протоколи за заштита од вирусот Ковид-19, истакна Новоселски.
Новоселски инфпрмираше дека резултатите од тестирањето ќе бидат познати најдоцна до наредната среда.
- По соопштувањето на резултатите, за кандидатите кои ќе бидат одбрани како реонски попишувачи и инструктори ќе следуваат обуки, за што истите благовремено ќе бидат информирани, кога истите временски ќе бидат реализирани, потенцира Новоселски.
Според пописот на населението од 2002 година, Делчево брои 11.550 жители од кои над 90 проценти се етнички Македонци, додека во Општина Македонска Каменица живееле 5147 жители од кои 99 проценти од жителите се изјасниле како македонци. вс/фф/

Остани поврзан