• понеделник, 04 ноември 2024

Без поголеми задржувања вечерва за излез од државата преку „Богородица“

Без поголеми задржувања вечерва за излез од државата преку „Богородица“

Гевгелија, 1 август 2024 (МИА)-Освен во утринските часови во периодот од 5 до 9 часот, кога заради големиот број на патници од земјава и странство се чекаше околу 45 минути за излез од државата преку преминот Богородица, во текот на денот фреквенцијата беше намалена и за влез кај јужниот сосед се чекаше петнаесетина минути, информираа за МИА од ГП Богородица.

Во периодот кога била најголема фреквенцијата биле отворени сите шест ленти за излез од државата, а околу 20 часот од камерите на ЈП за државни патишта можеше да се забележи дека на Богородица се излегуваше на две ленти, а по потреба се отвораше и третата.

Инаку, според податоци на МВР, од 1 јануари до 15 јули лани, бројот на патници за излез од државата на ГП Богородица бил 724.840, а за истиот период, годинава, е 750.812, што е за околу 25.000 повеќе од минатата година. рт/вг/

Фото: принт скрин ЈП за државни патишта

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан