• вторник, 15 октомври 2024

Тајван тврди дека пресретнал рекордни 153 кинески авиони за еден ден во близина на островот

Тајван тврди дека пресретнал рекордни 153 кинески авиони за еден ден во близина на островот

Tajпеј, 15 октомври 2024 (МИА) - Тајван пресретнал рекорден број -  153 кинески авиони за еден ден во близина на островот, според податоците објавени денеска од тајванското Министерство за одбрана на крајот од денот на големи кинески воени вежби.

Тие летови се реализираа во период од 25 часа што заврши во 06:00 часот по локално време денеска (22:00 часот по Гринич вчера), соопшти Министерството, додавајќи дека 14 биле исто така откриени во истиот период кинески брод.

Пекинг вчера организираше воени вежби за опколување на Тајван со помош на авиони и воени бродови. Тие беа одржани неколку дена по говорот на тајванскиот претседател Лаи Чинте на Националниот ден на Тајван во четвртокот.
фото ЕПА

Остани поврзан