• среда, 16 октомври 2024

Мерц бара од Шолц објаснување за одложувањето на испораката на оружје за Израел

Мерц бара од Шолц објаснување за одложувањето на испораката на оружје за Израел

Берлин, 15 октомври 2024 (МИА) – Опозицискиот лидер на Христијанско – демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц побара објаснување од германскиот канцелар Олаф Шолц за наводното одложување на нови испораки на оружје на Израел.

Германското Министерство за економија откри дека не биле одобрени дозволи за извоз на оружје во Израел од почетокот на март до 21 август.

Но, германската Влада нагласи дека нема бојкот на извозот на оружје против Израел.

Шолц минатата недела најави дополнителни испораки на германско оружје за Израел. Тој тогаш посочи дека Германија испорачувала и оти ќе продолжи да доставува оружје за Израел. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан