• вторник, 17 декември 2024

ТВ КАН: Нетанјаху и министрите го договорија планот за напад на Иран

ТВ КАН: Нетанјаху и министрите го договорија планот за напад на Иран

Тел Авив, 15 октомври 2024 (МИА) - Израелските медиуми јавуваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и други министри се согласиле за обемот и времето на нападот врз Иран, јавува Анадолија.

Израелската државна телевизија КАН објави дека Нетанјаху и Галант се договориле за планот, опсегот и времето на нападот врз Иран.

Телевизијата наведе дека двојката одлуката ја донела како резултат на безбедносни консултации со другите релевантни министри.

Планот за напад треба да биде претставен пред кабинетот за официјално одобрување.

Од друга страна, според локалните медиуми, Галант рекол дека „наскоро ќе одговори“ на неодамнешните ракетни напади на Иран и дека одговорот ќе биде „дефинитивен и смртоносен“.

На 1 октомври Иран изврши ракетни напади врз Израел, а администрацијата во Тел Авив најави дека ќе одговори на  нападот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан