• среда, 16 октомври 2024

Израелски полицаец убиен од вооружен напаѓач на југот на земјата

Израелски полицаец убиен од вооружен напаѓач на југот на земјата

Тел Авив, 15 октомври 2024 (МИА) - Еден израелски полицаец е убиен денеска од вооружен напаѓач во напад окарактеризиран како терористички во близина на градот Ашдод на југот на Израел, а уште четири лица се ранети, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека напаѓачот бил убиен за време на напад на автопатот што ги поврзува Ашдод и Тел Авив, објави „Тајмс оф Израел“.

„Терористот рани пет лица, меѓу кои и еден полицаец кој беше тешко повреден и подоцна почина“, изјави портпаролот на полицијата.

Портпаролот изјавил дека напаѓачот дошол пеш до автопатот и прво ранил полицаец, а потоа уште четири лица. Полесно е повреден лекар кој го запрел својот автомобил за да им помогне на повредените кога во него удрил друг автомобил. рп/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан