• петок, 17 мај 2024

Судски совет поднесе иницијатива до Уставен за законите за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за платите на членовите

Судски совет поднесе иницијатива до Уставен за законите за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за платите на членовите

Скопје, 6 март 2024 (МИА) – Судскиот Совет на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот суд со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

- Поаѓајќи од својата уставна положба и законски надлежности, Судскиот совет на Република Северна Македонија како самостоен и независен орган на судството и како орган кој е должен да ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста  до Уставниот суд на Република Северна Македонија со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија, стои во соопштението од Судски совет.

Оттаму дополнуваат дека и во наредниот период, како што наведуваат, „останува на заложбата за независна и самостојна судска власт и секогаш кога во ситуација ќе бидат нарушени овие постулати, ќе превзема дејствија  за заштита на истите“.ар/лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан