Струмичкиот тетар ќе одбележи 75 години од постоењето
- Со изложба на театарски фотографии и преимера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, задутре Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица ќе одбележи 75 години од постоењето.
Струмица, 17 април 2024 (МИА) - Со изложба на театарски фотографии и преимера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, задутре Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица ќе одбележи 75 години од постоењето.
Како што информираа од Театарот, изложбата на фотографии е со наслов „75 години НТ „Антон Панов“ од Сречко Гунчев, а постановката на драмата на Стефановски е во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.
Повеќе детали за одбележувањето на јубилејот ќе бидат соопштени на утрешната прес конференција.
Инаку, Струмичкиот народен театар почнал официјално со работа на 1 мај 1949 година, а прва претстава поставен на сцената била „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Димитар Колчаков.рт/
Фото: Струмички театар