• петок, 28 јуни 2024

Столтенберг: Кина треба да се соочи со последици поради поддршката на Русија во војната со Украина

Столтенберг: Кина треба да се соочи со последици поради поддршката на Русија во војната со Украина

Отава, 20 јуни 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Кина треба да се соочи со последици за нејзината поддршка за Русија во војната против Украина, наведувајќи дека е премногу рано да се зборува за какви мерки станува збор.

Столтенберг во Отава рече дека НАТО треба да започне да ја оценува таа опција бидејќи, како што рече, не е одржливо Кина да продолжи да ги поттикнува најголемите безбедносни закани за членките на алијансата, особено во Европа, јави Си-Би-Си.

Столтенберг истакна дека постои зголемена загриженост за зголемената соработка меѓу авторитарните држави. зш/

Остани поврзан