Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
- Американскиот Стејт департмент го информирал Конгресот за пакет помош оружје за Израел во вредност од милијарда долари, јавија американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори.
Вашингтон, 15 мај 2024 (МИА) - Американскиот Стејт департмент го информирал Конгресот за пакет помош оружје за Израел во вредност од милијарда долари, јавија американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори.
Според нив, пакетот ќе вклучува тенкови, минофрлачи и оклопни тактички возила. Претседавачите и водечките членови на Комитетот за надворешни односи на Сенатот и Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД се оние кои ги разгледуваат главните договори за оружје со други земји.
Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела изјави дека ја одложил испораката на бомби до Израел поради стравувањата дека тие би можеле да бидат употребени во голема офанзива против градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.
Бајден го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не започнува офанзива врз Рафа без да ја гарантира безбедноста на цивилите. мс/