• недела, 22 декември 2024

Најмалку десет лица загинаа во вооружен напад во Авганистан

Најмалку десет лица загинаа во вооружен напад во Авганистан

Кабул, 22 ноември 2024 (МИА) - Непознати напаѓачи убија најмалку десет луѓе во северната авганистанска провинција Баглан, изјави денеска портпаролот на МВР, Абдул Матин Кани.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година и ветија дека ќе ја вратат безбедноста во земјата разурната од војна.

Сепак, нападите продолжија, а одговорноста за многумина ја презеде локалниот огранок на Исламската држава. паг/

Фото: МИА архива


  
 

 

Остани поврзан