• недела, 07 јули 2024

Стано: Главен приоритет на ЕУ е спроведувањето на обврските што ги прифатија Белград и Приштина

Стано: Главен приоритет на ЕУ е спроведувањето на обврските што ги прифатија Белград и Приштина

Брисел, 11 март 2024 (МИА) - Портпаролот на Европската Унија Петер Стано денеска изјави дека главен приоритет на Брисел е спроведувањето на обврските што Белград и Приштина ги прифатија како дел од дијалогот.

„Двете страни не направија многу за спроведување на обврските во рамките на дијалогот и наш главен приоритет е што поскоро да почнат да ги исполнуваат обврските што ги презедоа“, рече Стано на прес-конференција во Брисел.

Тој додаде дека ЕУ не може да навлегува во детали и да ги коментира процедурите и чекорите преземени за спроведување на Охридскиот договор и Анексот договорен од Белград и Приштина на 18 март 2023 година, пренесува Бета.

За случајот Бањска, Стано рече дека ЕУ се уште го чека конечниот официјален извештај за инцидентот, за да се види кој е одговорен за вооружениот конфликт меѓу вооружена група Срби и припадници на косовската полиција на 24 септември минатата година. .

- До сега не сме виделе таков документ во Брисел, рече портпаролот на ЕУ. ссм/

фото: архива

Остани поврзан