• петок, 05 декември 2025

Средношколците - угостители од Кратово со пофалница на „Светската недела на италијанска кујна" во Скопје

Средношколците - угостители од Кратово со пофалница на „Светската недела на италијанска кујна

Кратово, 19 ноември 2025 (МИА) - Тим ученици од угостителската струка од средното стручно училиште „Митко Пенџуклиски", Кратово, денеска учествуваше на настан во организација на Амбасадата на Италија во Северна Македонија, „Светска недела на италијанска кујна", информира менторот, професор Младен Мицевски, кој сподели дека учениците добиле и пофалница за подготвената храна.

-Денес по повод  „Неделата на италијанската кујна во светот" нашите ученици Сања, Давид и Нина беа дел од мастер-клас за традиционално сицилијанско слаткарство. Настанот е организиран од Италијанската амбасада во Скопје и го отвори италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери. Светски признатите слаткари Маестро Лило Дефраја и Џоцани  Манџионе -Долчи " магионичар со храна ", презентираа подготовка на торта од бадеми и овошје од марципан, како и сицилијанска касата и каноли. Нашите ученици беа пофалени поради успешната изработка на овошјето од марципан, како и посебното внимание посветено на деталите во изработката.На настер класот присуствуваа и многу македонски готвачи, меѓу кои посебна гордост и чест ми е што и моите ученици се претставија во одлично светло, рече Мицевски.

СОУ „Митко Пенџуклиски", Кратово е редовен учесник на бројни кулинарски, гурмански и угостителски манифестации во државата и регионот, реализира и меѓународни проекти во соработка со училишта и сродни организации од Европа, кадешто достојно ги претставува македонската традиционална кујна, специјалитети од Кратово и регионот, како и од целата држава.ид/лв/

 

Фото: СОУ "Митко Пенџуклиски", Кратово 

Остани поврзан