• петок, 21 јуни 2024

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со шефот на српската дипломатијата Ѓуриќ

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со шефот на српската дипломатијата Ѓуриќ

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - Одличните билатерални односи меѓу двете земји, што се карактеризираат со традиционално пријателство, биле потврдени на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со министерот за надворешни работи на Република Србија, Марко Ѓуриќ, кој ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова на средбата била изразена и подготвеност за натамошно унапредување на севкупната соработка во областите од взаемен интерес.

Двајцата соговорници размениле мислења за политичките случувања во двете земји, актуелните состојби во регионот и европската перспектива.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакнала важноста за засилена соработка на билатерален план и во рамки на регионалните иницијативи, што е во интерес на стабилноста, просперитетот и економскиот развој на регионот и во духот на добрососедските односи.

На средбата, стои во соопштението, била посочена потребата за искористување на потенцијалите за развој во областа на економијата и трговската размена, инвестициите, инфраструктурното и енергетското поврзување меѓу двете земји. цр/са/

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

 

 

Остани поврзан