• понеделник, 23 декември 2024

Нормализиран сообраќајот на патот Градско - Велес

Нормализиран сообраќајот на патот Градско - Велес

Скопје, 21 јуни 2024 (МИА) - Сообраќајот на патот Градско-Велес, кај „Дади Петрол“, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа, е нормализиран, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/мч/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан