• вторник, 05 март 2024

Средба на Пендаровски и Агелер за политичките случувања и изборниот процес во земјава

Средба на Пендаровски и Агелер за политичките случувања и изборниот процес во земјава

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Политичките случувања во земјата по формирањето на преодната Влада и во пресрет на изборниот процес, како и севкупниот развој на билатералните односи меѓу двете држави, биле теми на разговор на денешната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, нагласил дека Северна Македонија во континуитет посветува посебно внимание на развојот на пријателските односи и билатералната соработка со САД, при што било истакнато дека тековниот Стратешки дијалог е можност за конкретизирање на соработката во сите сфери од заемен интерес.

-Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на американската поддршка за продолжување и интензивирање на реформскиот процес во контекст на реализација на европските аспирации на државата, се наведува во соопштението. дма/бак/

Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

Остани поврзан