• недела, 22 декември 2024

Меџити: Прашањето со екстрадицијата на Рамадани треба да го решиме генерално, а не случај по случај

Меџити: Прашањето со екстрадицијата на Рамадани треба да го решиме генерално, а не случај по случај

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, смета дека екстрадацијата на поранешниот член на ОВК, Блерим Рамадани, не е прв таков случај кај нас и оти Србија злоупотребува дека е член на Интерпол.

- ДУИ сака да направи дека ова е прв случај. За жал, имаше и порано вакви случаи кои на крај завршуваа на Врховниот суд, со одлука да се ослободат бидејќи нема факти и аргументи, рече министерот.

Според него, Србија злоупотребува дека е членка на Интерпол.

- Мислам дека и овој случај на ист начин ќе заврши. Треба генерално да го решиме ова прашање, а не случај по случај, рече Меџити пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија.

Во врска со прашањето за предлогот на ДУИ за озаконување на принципот победник со победник, Меџити изјави дека ДУИ нема право во која било форма.

- ДУИ не беа албанска опција овој пат, и да имаше таков закон немаше да важи за ДУИ оти беше мултиетничка коалиција. Во која било форма немаат право, рече министерот. 

Тој истакна и дека нема да се зголеми број на обложувалници и казина во земјава и токму поради тоа, како што рече, не земале никакво место како „Вреди“ во Лотарија на Македонија.

- Вториот чекор е нашата парламентарна група, заедно со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараа автентично толкување на законот, чекаме и Собранието да потврди, ако го потврди, петте концесии за игри на среќа ќе отпаднат од сила, рече тој, дополнувајќи дека во исто време работат на нов поригорозен Закон за казина и игри на среќа. ар/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан