• петок, 21 јуни 2024

Средба Герапетритис-Фидан на маргините на Самитот на ПСЈИЕ во Скопје

Средба Герапетритис-Фидан на маргините на Самитот на ПСЈИЕ во Скопје

Атина, 14 јуни 2024 (МИА) – На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што вчера се одржа во Скопје, средба оствариле министрите за надворешни работи на Грција и Турција Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на средбата што траела околу 20 минути, станало збор за ситуацијата на Блискиот Исток, особено за текот на преговорите по предлогот на САД за примирје во Газа, разговарале и за ситуацијата во Украина во пресрет на Мировната конференција во Швајцарија во текот на викендот, како и за билатералните прашања.

Се фокусирале на соработката на двете страни во миграцијата, а го разгледале и напредокот на билатералниот договор за издавање туристички визи за турски државјани на десет грчки острови.

Герапетритис и Фидан, како што пишува АНА-МПА, се сретнаа во пресрет на НАТО Самитот на 9 и 10 јули во Вашингтон и каде што можна е нова тет-а-тет средба на премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. ср/

Остани поврзан