• петок, 28 јуни 2024

Со изложба на дела од студенти од графички, моден и ентериер дизајн, Факултетот за арт и дизајн ќе прослави 18 години од основањето

Со изложба на дела од студенти од графички, моден и ентериер дизајн, Факултетот за арт и дизајн ќе прослави 18 години од основањето

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Факултетот за арт и дизајн денеска со отворање годишна изложба ќе прослави 18 години од основањето. Преку претставените дела на студентите од графички, моден и ентериер дизајн ќе се покаже процесот на креативен развој и создавање на професионалните кадри од областа на дизајнот.

- Дипломираните и магистрираните студенти, успешно го применуваат стекнатото знаење во различни сфери и со тоа ја зацврстуваат позицијата на дизајнот како важна дисциплина во современото општество. И оваа година, студентите од првиот и вториот циклус ќе прикажат нови трудови и свежи достигнувања од редовните наставни активности, но и од учествата на конкурси за дизајн, проектите, изложбите, модните ревии. Тие преку своите дела го осознаваа светот околу себе, се доближуваа до културното наследство, испраќаа моќни пораки за одржливост, екологија, инклузија, човекови права, уметничка слобода и свест за јавните добра, се подвлекува во соопштението од Факултетот за арт и дизајн. цр/мд/


Фото: Факултет за арт и дизајн

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан