• понеделник, 23 декември 2024

Средба Муцунски - Вал, потврдена континуираната и долгогодишна соработка со ОБСЕ

Средба Муцунски - Вал,  потврдена континуираната и долгогодишна соработка со ОБСЕ

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска се сретна со Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Како што соопштија од МНР, на средбата била потврдена континуираната и долгогодишна соработка со ОБСЕ во различни области опфатени со мандатот на Мисијата.

-Соговорниците разменија мислење за актуелните аспекти од работењето на Мисијата на ОБСЕ и во таа насока заеднички беше реафирмирана определбата за продолжување на активностите и натамошно фокусирање на проектите во поддршка на реформските процеси на новата Влада, стои во соопштението. вг/аа/

Фото: МНР

Остани поврзан