• недела, 17 ноември 2024

Пријава за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите малолетни ќерки

Пријава за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите малолетни ќерки

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) –  Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден евидентирало две пријави за силување на малолетни девојчиња. Станува збор за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите ќерки. 

Како што информираат од МВР, едниот случај бил во прилепско село, каде полициски службеници го лишиле од слобода А.Р. (36), постапувајќи по претходна пријава од малолетничка од прилепско село, која во присуство на социјален работник и нејзината мајка пријавила дека во временскиот период од 2021 година до вчера, нејзиниот татко А.Р., неколку пати извршил обљуба врз неа и нејзината сестра. 

Од МВР велат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Тетово, 31-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Ш.И. (36) од Тетово во неговиот дом ја силувал нивната малолетна ќерка.

- На 28.06.2024 во 00:50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И. (36) од Тетово. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Дополнително, вчера во Штип, 42- годишна жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била полово вознемирувана од Б.А. од Штип. 

И за овој случај од МВР велат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. ар/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан