Со втората еко акција собрани над десет тони отпад долж патот Варвара-Лешок
- Денес се спроведе втората еколошка акција за расчистување на смет на локалниот пат с.Лешок-с.Варвара што се прави во рамки на проектот на „Малите херои на природата“ инициран од Здружението на пчелари „Полошки мед“. Овој пат, за разлика од пред две недели, освен рачно подигнување на фрлени отпадоци се расчистуваше депонија со помош на механизација.
Тетово, 19 април 2026 (МИА) - Денес се спроведе втората еколошка акција за расчистување на смет на локалниот пат с.Лешок-с.Варвара што се прави во рамки на проектот на „Малите херои на природата“ инициран од Здружението на пчелари „Полошки мед“. Овој пат, за разлика од пред две недели, освен рачно подигнување на фрлени отпадоци се расчистуваше депонија со помош на механизација.

-Во координација со мештани на село Варвара на акцијата се собра околу десет тони отпад, кој се предаде на лиценцираната комунална компанија Екопарк НБ. Целта на акциите за расчистување на патеката е во иднина да прерасне во едукативна пешачка патека, уредена со едукативни табли, мини парк пријател на пчелите и клупи, каде најмалите љубители на природата ќе можат да се запознаат со биодиверзитетот на Шар Планина.
Пред две недели, мештаните од Варвара, Лешок и вработени во Национален парк Шар Планина собраа околу пет тони смет. ас/вј/
Фото: Здружение на пчелари