• понеделник, 20 април 2026

ДПД Кочани го освои 7. место на меѓународниот натпревар „Marcana Fire 2026“ во Хрватска

ДПД Кочани го освои 7. место на меѓународниот натпревар „Marcana Fire 2026“ во Хрватска

Кочани, 19 април 2026 (МИА) - Доброволното противпожарно друштво (ДПД) од Кочани викендов учествуваше на петтиот меѓународен натпревар „Marcana Fire 2026“, кој се одржа во организација на DVD Općine Marčana, во Хрватска.

Во конкуренција од 15 екипи, претставниците на ДПД Кочани го освоија седмото место, што тие го сметаат за солиден резултат со оглед на тоа што овој натпревар имаше меѓународен карактер.

Од друштвото упатија благодарност до организаторите за, како што наведуваат, одличната организација и гостопримството. Воедно посочуваат дека ваквите настани се важни не само како натпревари, туку и како можност за размена на искуства, знаења и воспоставување соработка меѓу учесниците.

Учеството на вакви меѓународни собири, велат од ДПД Кочани, придонесува за унапредување на професијата и афирмација на нивната работа во заедницата.

Од друштвото најавуваат дека и понатаму ќе продолжат активно да учествуваат и да го претставуваат Кочани на вакви настани на меѓународна сцена. ис/вј/ 

Фото: ДПД Кочани

 

Остани поврзан