• понеделник, 20 април 2026

Велешанец на ридот Гроот се превртел со товарно возило и се здобил со тешки телесни повреди

Велешанец на ридот Гроот се превртел со товарно возило и се здобил со тешки телесни повреди

Велес,19 април 2026  (МИА)  - Велешанец вчера се превртел на ридот Гроот со товарно моторно возило и се здобил со тешки телесни повреди. Настанот бил пријавен во СВР Велес во 15:00 часот.

- Во СВР Велес  вчера во 15:00 часот било пријавено дека на локалниот пат Велес-Каменолом, кај место викано „Гроот“, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од 61 годишниот З.К. од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес, информираа попладнево од СВР Велес.

Возачот од превртеното товарн возило го ваделе екипа на пожарникари од Терторијалната противпожарна единица Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА, д-р Анамариа Џунџева портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредениот  се здобил со едно скршено ребро и  два  пукнати пршлени. По укажаната лекарска помош од тимот лекари на Хирушкото одделение во велешката Општа болница, повредениот во добра состојба бил препратен на домашно лекување.ад/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан