Гоце Георгиев победник на 5. Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев - Тошо“
- Гоце Георгиев го освои првото место на 5. Меморијален шахобски турнир „Тодор Милосиев Тошо“ што се одржа денеска во спомен на еден од најдобрите кочански шахисти. Шаховскиот мајстор Георгиев освои 6,5 поени на седум одиграни меча.
Кочани, 19 април 2026 (МИА) - Гоце Георгиев го освои првото место на 5. Меморијален шахобски турнир „Тодор Милосиев Тошо“ што се одржа денеска во спомен на еден од најдобрите кочански шахисти. Шаховскиот мајстор Георгиев освои 6,5 поени на седум одиграни меча.
Второто место му припадна на Емануел Анеловски со 6 поени, додека третото место го поделија Влатко Јовановски и Меџит Куртовиќ со 5 поени. На прогласувањето на победниците, присунтите шахисти ги поздрави и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.

На турнирот, што го организираше ШК „Кочани“ чиј член беше Милосиев, учествуваа 26 шахисти кои играа по Швајцарски систем во седум кола.
Марија Георгиева, ќерка на Тодор Милосиев се заблагодари на сите учесници на турнирот преку кој се чува споменот на нејзиниот татко. Притоа, Марија на шаховската табла го направи првиот потег и со тоа го отвори турнирот.

Благој Ситновски, претседател на ШК „Кочани“ истакна дека планираат во соработка со училиштата да се отворат шаховски секции за младите да можат да ја практикуваат и изучуваат шаховската игра и во училиштата. Притоа, најави дека до крајот на април ќе се организира турнир во шах со хуманитарен предзнак и собраните средства ќе бидат донирани за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ во чест на жртвите од кочанската трагедија во клубот „Пулс“.
Организатор на меморијалниот турнир за најдобрите шахисти обезбеди пехари и плакети. ис/вј/
Фото: МИА