• недела, 08 септември 2024

Сопственикот на OnlyFans заработил над 630 милиони долари

Сопственикот на OnlyFans заработил над 630 милиони долари

Лондон, 7 септември 2024 (МИА) - Сопственикот на платформата OnlyFans, Леонид Радвински, бизнисмен од украинско потекло, профитирал повеќе од 630 милиони долари.

Оваа британска стриминг-компанија, позната по содржините објавувани од порно ѕвезди, но и други познати личности, соопшти дека на креаторите на содржини исплатила 6,6 милијарди долари, што претставува зголемување од околу една милијарда долари во споредба со претходната година.

Бројот на профили на креатори на оваа платформа се зголемил на 4,1 милион, додека вкупниот број на фанови пораснал на 305 милиони, што претставува зголемување за речиси една третина во однос на 2022 година.

Во финансискиот извештај што компанијата го поднесе во Велика Британија, е наведено дека добивката пред оданочување пораснала на 657 милиони долари, во споредба со претходната година кога добивката изнесувала 525 милиони долари. ссм/

фото: архива

Остани поврзан